Michael Schumacher: The Making of a Legend

Претплатниците на Ф1 ТВ имаат ексклузивна можност да видат документарен филм за седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер, од неговите картинг денови до Гранд При титулите.

Подемот на Црвениот барон раскажан од неговите пријатели, ривали, поранешни колеги кои споделуваат свое искуство за Михаел, најуспешниот Формула 1 возач на сите времиња.

Многу ретки и досега невидени материјали за подемот на Шумахер од неговите картинг денови во Керпен, на патека каде работел неговиот татко па се до сезоната во 2012 година, прему тркање со спортски автомобили за Мерцедес, Формула 1 дебито со Џордан во 1992 година, титулите со Бенетон и Ферари како и борбите со Аиртон Сена, Мика Хакинен и Дејмон Хил. Легендарниот Рос Браун, неговиот менаџер Сабине Кем, поранешниот колега Мартин Брандл, Фернандо Алонсо и Дејвид Култхард се помеѓу оние кои се појавуваат во фимот и споделуваат искуства.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ