Singapore Airlines го продолжи договорот

Авиокомпанијата Singapore Airlines го продолжи договорот како главен спонзор на Сингапурското Гранд При за наредните две години. 

Тие станаа главен спонзор на ноќната трка во Марина Беј во 2014 година, потпишувајќи двегодишен договор, пред да го продолжат истиот за дополнителни две години, кои истекоа сезона година.

Продолжувањето на договорот беше објавено изминатава недела и ќе трае до 2019 година, додека договорот на Сингапур со Формула 1 ќе ја задржи трката на календарот до 2021 година.

Ноќната трка во Сингапур е атракција во календарот и пресреќни сме што продолжуваме како главен спонзор. Одвај чекаме да го промовираме настанот за подобрување на туризмот и спортот во Сингапур – изјави Гох Чон Фонг, извршниот директор на Singapore Airlines.

Сингапур како дестинација е пример за возбудата која ја создава Формула 1 ширум светот, а партнери како Singapore Airlines ја покажуваат нашата амбиција за лидерство во пазарот – изјави Чејс Кери.

Трката во Сингапур ќе се одржи на 16 Септември.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ